5 совети за есенско чистење на домот, со Bespoke Jet™ Complete – полесно од било кога!

На сите ни е добро познато пролетно чистење на домот, но дали некогаш сте направиле есенско чистење? Искуството вели дека токму во есенското освежување на домот се крие тајната на одржување на подобро здравје во текот на зимските денови.

Со падот на температурите и потребата од загревање на домот, ткаенините во домот стануваат совршено засолниште за бактериите, микро-честички, мувлата и грините кои се развиваат во нашите топли зимски средини. Сепак, благодарение на неколку едноставни чекори и  а потребни се само неколку едноставни чекори и совршениот уред Samsung Bespoke Jet™ Complete животот ќе ви биде полесен во секој можен поглед, а прашината и малите бубачки ќе бидат минато!

1 Совршено чисти површини без многу напор!

Теписи, софи, перници и јоргани/душеци се уште едно жариште за грини и бактерии, кои треба редовно да се чистат. Размислете за трошките од храната, излевањата, мртвите клетки на кожата и потта што се акумулираат во овие материјали во текот на секојдневниот живот. Почетокот на есента е идеално време за професионално чистење на теписите.

Ако сакате длабинско чистење, тогаш Bespoke Jet™ Complete е совршениот избор. Моќ на вшмукување до 210 W, генерирана од моторот Digital Inverter, додека аеродинамичниот дизајн на воздушниот систем го оптимизира  протокот на воздух, а мулти-циклонската филтрација на воздухот ги собира ситните честички прашина, за беспрекорно чист дом ослободен од секакви прашинки и микро-честички. Благодарение на времето на работење до 1 час, ќе имате доволно моќ да ја исчистите целата куќа, со само едно пуштање.

Сè тоа благодарение на долготрајната батерија што се отстранува, која може да се замени со резервна, овозможувајќи до 2 часа чистење. Користејќи ја уникатната технологија на Samsung, задржува 70 % од првичните перформанси до 500 циклуси. Сега е лесно да го одржувате домот чист со помош на All-in-one Clean Station. Ја завршува целата тешка работа, ефикасно го празни садот за прашина со помош на Air Pulse технологијата и собира 99,999 % од ситната прашина за максимална хигиена на вашиот дом.

2 Исчистете зад, под и на врвот на мебелот

При стандардното неделно чистење со  правосмукалката низ домот, не секогаш приоритет е да се помести каучот, фотелјата или гардеробата, како темелно би се исчистило и на тешко достапните места. Затоа многу е важно барем еднаш во месецот  да го исчистите мебелот одозгора, зад и под. Ова ќе помогне да се осигури дека се отстрануваат сета прашина, нечистотија, остатоци и алергени, обезбедувајќи ви поздрав и почист дом.

Ова е уште полесно со лесната правосмукалка на Samsung која гарантира максимална искористеност и го намалува напорот на зглобовите. Бидејќи делот што се држи во рака тежи само 1,44 кг, со што е 13 % полесна, чистењето на домот сo Samsung правосмукалката значи длабинско чистење кое е неверојатно лесно.

И да, заборавете на болките во грб после чистење, лесниот и ергономски дизајн за лесно чистење и телескопската цевка се грижат за вашата удобност. Нема повеќе чучнување или да кревање кога чистите со правосмукалка. Трите различни големини на цевката се прилагодуваат за да ви одговараат според вашата висина.

3 Често проветрување во зима? Возможно е!

Веројатно последно нешто кое ви паѓа на памет кога штотуку сте исчистиле на отворите прозори да се проветри, особено имајќи го предвид фактот што сета прашина која циркулира надвор, лесно ќе се вгнезди во вашиот дом и уште повеќе ќе ви ја отежни работата, да не зборуваме пак за оној досаден момент на бескрајно чистење на прашината од подовите и нејзиното константно циклично враќање назад во воздухот? Повеќе штета отколку корист!

Со Samsung Bespoke Jet тоа не е опција.  Повеќеслојниот систем за филтрирање собира 99,999 % прашина, додека, пак, Jet Cyclone собира ситни  честички прашина. Ова значи дека воздухот во домот може да го одржувате чист, исто како и подовите. Оптималната насока на воздухот го намалува отпорот на воздухот околу садот за прашина, а 27-те отвори за воздух ја сведуваат на минимум загубата на вшмукување, така што можете да се релаксирате, знаејќи дека правосмукалката ќе испорача конзистентни перформанси во секоја просторија.

Теписите и тврдите подови ќе бидат идентично чисти благодарение на мекиот валјак на четката Jet Dual кој собира големи честички прашина од тврдите подови. Најлонските и гумени остри влакна го подобруваат чистењето теписи, особено бидејќи се ротираат при 4.000 rpm. Ротирачката глава од 180 степени ја менува насоката, а барабанот се отстранува со само еден клик. Посакајте му добредојде на чистиот воздух, а со тоа посакајте им збогум на вирусните честички кои предизвикуваат вируси и грип.

4 Remove Muddy Foot and Paw Prints

Есента е убав и колоритен месец, бидејќи дрвјата ја менуваат бојата и жолтите лисја се расфрлаат по тротоарите. Сепак, есента е, исто така, типично влажна и каллива сезона, а тоа може да направи хаос за сопствениците на миленичиња кога калливите стапалки и отпечатоците од шепите се заробени низ домот.

За чистење на калливите отпечатоци од стапалата/шепите од тврдиот под – без разлика дали е ламинат, дрво или плочки – препорачуваме да користите парна џогер што е можно поскоро, бидејќи тоа ќе ја подигне и отстрани нечистотијата и ќе остави областа да изгледа беспрекорна. Кога станува збор за отстранување на калливи отпечатоци од теписите, често е најдобро да се остави калта да се исуши пред да се справите.

Откако калта ќе се исуши, посипете ја сода бикарбона над областа и оставете ја барем половина час за да се отстрани нечистотијата, а потоа исчистете со правосмукалка како и обично. Тврдокорните влакна од милениците лесно ќе се отстранат благодарение на моќниот мотор Digital Inverter, со што добивате суперлесна, но моќна правосмукалка. Благодарение на подобрениот статор, ротор и 3D вентилатор, сега е 47 % полесна, овозможувајќи вшмукување до 210 W. Нека бескрајното тркалање на подот и мебелот биде повторно вашата омилена активност со миленичињата.

5 Секој ден чист дом!

Сега е лесно да го одржувате домот чист со помош на All-in-one Clean Station. Ја завршува целата тешка работа, ефикасно го празни садот за прашина со помош на Air Pulse технологијата и собира 99,999 % од ситната прашина за максимална хигиена на вашиот дом.

Повеќе информации за овој производ може да најдете на: https://www.samsung.com/mk/vacuum-cleaners/stick/vs9500al-vc-with-all-in-one-clean-station-white-vs20a95843w-ge/

Текст и фото: ПР

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.