Интервју на Мерлин Монро од 1952 година: Открила што јаде за појадок и вечера, а линијата ја одржувала на интересен начин

Исхрана

Поминаa 60 години откако една од најпознатите личности на сите времиња, Мерлин Монро, умре во 36 годинa во својот дом во Лос Анџелес.

Остави толкав впечаток што и понатаму се зборува за нејзината убавина, начинот на облекување, негување…

Се смета дека во животот надвор од филмот била несфатена и комплексна жена, а често не се вклопувала во ликовите кои ги играла на екранот. Во текот на краткиот живот, сними многубројни филмови, кои продолжија да живеат и по неа.

Мерлин била позната по неверојатната убавина и красела голем број насловни страници. Многумина и денес се прашуваат како ја одржала фигурата на песочен часовник.

Остана забележано нејзиното интервју што го дала за „Пејџнет“, во кое зборува за навиките во исхраната, а кое повторно го „оживеа“ британскиот „Воуг“.

Во споменатиот магазин, филмската дива открила дека пред утринскиот туш приготвува појадок кој многумина би ги изненадил…

Матам две свежи јајца во млеко, и тоа го пијам додека се облекувам, изјавила тогаш Монро, а еве што беше нејзиниот избор за вечера.

Секоја вечер одам на пазарот во близина на мојот хотел и купувам бифтек, јагнешки котлети и пет свежи моркови. Никогаш не ми здодеаја суровите моркови, истакнала Мерлин.

Кога е во прашање физичката активност, Мерлин Монро имала едноставна рутина:

Никогаш не се заморувам со вежби. Сега поминувам најмалку 10 минути секое утро вежбајќи со мали тегови. Развив сопствени вежби за мускулите кои сакам да ги одржам цврсти. Тоа е едноставна рутина за зацвртување на градите, која се состои од подигнување тегови од положбата на раширени раце со точка директно над мојата глава. Направете го ова 15 пати, полека. Ја повторувам вежбата 15 пати од положбата со рацете над глава. Потоа, со рацете под агол од 45 степени во однос на подот, ги поместувам теговите во круг додека да се изморам. Не би можела да вежбам вежби по кои се чувствувам повредено и болно, истакнала тогаш Мерлин за Пејџнет.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.