Подарок за 1 читателка: „Големата магија“ на Елизабет Гилберт

Од авторката на „Јади, моли се, уживај“!

Издавачката куќа „Антолог“ ќе израдува еден наш читател со романот „Големата магија“, кој е дело на Елизабет Гилберт, авторката на бестселерот „Јади, моли се, уживај“!

Без разлика дали сакате да откриете нови начини за решавање на предизвиците во тоа што го работите, или да напишете нешто, или да испробате да бидете креативни во некоја уметност, или едноставно сакате секојдневно да живеете со поголема СВЕСНОСТ и СТРАСТ, оваа книга ќе ви го отвори светот на чудата и среќата!

Читатели од различни возрасти и сфери со години бараат инспирација во книгите на Елизабет Гилберт.

Нејзината книга „Јади, моли се, уживај“ 199 недели била на првото место на листата на бестселери на „Њујорк тајмс“. Според неа е снимен истоимениот филм со Џулија Робертс, Хавиер Бардмен и Џејмс Франко.

Сега оваа авторка копа длабоко во себе и во минатото искуство за да ги сподели својата МУДРОСТ и единствена перспектива за КРЕАТИВНОСТА!

Со длабока емпатија и великодушност, нуди моќен увид во мистериозната природа на ИНСПИРАЦИЈАТА.

Со „Големата магија“ Елизабет ги анализира ставовите, пристапите и навиките што ни се потребни за да живееме покреативен живот.

Доколку сакате да ги добиете на подарок, треба да нè лајкнете, да нè споделите на вашиот фејсбук-профил, доколку сакате, оставете ни и ваш коментар (вашите коментари ни значат многу) и со тоа станувате потенцијален добитник на подароците од априлската „У&З-лавина“.

Добитниците од „лавината на подароци“ ќе ги објавиме во мајскиот број на списанието „Убавина и здравје“.

Следете нè! Забавувајте се со нас! Читајте нè! Ние сме тука за вашата убавина и здравје!

 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.