Подарок за 1 читателка: 2 гела за туширање Lipikar Gel Lavant на La Roche Posay

Еден производ за цело семејство

Овој и многу други подароци можете да добиете следејќи нè на социјалните мрежи!

„Септима“ на една читателка на августовската „Убавина и здравје“ ќе ѝ подари две пакувања од 100 мл смирувачки гел за туширање за осетлива кожа на деца и возрасни Lipikar Gel Lavant, La Roche Posay.

Гелот за миење без сапун и парабени нежно ја чисти и штити осетливата кожа на целото семејство, одржувајќи ја нејзината природна pH-вредност. Содржи смирувачки ниацинамид и карите-масло за враќање на липидите и обнова на бариерата на кожата.

Богата пена, нежна текстура и формулација која не ги пецка очите – Lipikar Gel Lavant е безбеден и за бебешкиот скалп и целосна хигиена на најмалечките над 3 месеци. Jа чисти и негува нормалната до сува кожа склона кон атопија, притоа одржувајќи ја нејзината природна физиолошката рамнотежa.

Сè што треба да направите за да го добиете овој прекрасен подарок од „Септима“ и „Убавина и здравје“, е да ја лајкнете нашата ФБ-страница @ubavinaizdravje.mk, објавата да ја споделите на вашиот фејсбук-профил, доколку сакате, оставете ни и ваш коментар (вашите коментари ни значат многу) и со тоа станувате потенцијален добитник на подароците од тековната „У&З-лавина од подароци“.

Добитникот се избира по случаен избор на редакцијата, а сите добитници на подароците ги објавуваме во следниот број на списанието „Убавина и здравје“, кое излегува во септември.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.