Јадете, а слабеете: Правилното време за појадок, ручек и вечера со кои лесно и брзо ќе ослабете

Фото: Pexels

Кога треба да биде појадокот, ручекот и вечерата за полесно да ослабеме? Го имаме одговорот!

При изборот на диета, ние обично следиме што треба да јадеме, а многумина забораваат да ги земат предвид факторите како што е времето за оброк.

Анализите покажуваат дека најдобро е да појадувате околу 7 часот наутро, ручек помеѓу 12:30 и 13 часот, а вечера помеѓу 18 и 18:30 часот. Според нив, дури и ако вечерата ја поместувате во 20 часот, таа – во просек – додава околу 5 сантиметри во обемот на половината. Кога станува збор за жените, тоа значи дека ви треба фустан – дури и две големини поголем!

Истражувачите велат дека главната причина за тоа е потрошувачката на енергија во текот на денот. Во вечерните часови, сите механизми во телото се забавуваат и телото се подготвува за спиење, тогаш ќе се троши помалку енергија.

Деталниот мониторинг откри и кога „најмногу јадеме“, односно кога сме најмногу во искушение да јадеме нешто помеѓу оброците. Тоа е во 9 наутро, 11 наутро и околу 21:30 часот – подгответе здрава ужинка за овие моменти или обидете се да се фокусирате на некои други работи и да не размислувате за храна.

Прочитајте и: Едноставен пијалак кој може да помогне во топење на маснотиите во стомакот

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.