„Диор“ подарува: Парфем и млеко за тело Miss Dior Blooming Bouquet

А еве како да го добиете подарокот

Овој и многу други подароци можете да добиете следејќи нè на социјалните мрежи!

Една читателка на мајскиот број на „Убавина и здравје“ ќе добие прекрасен „миризлив“ подарок од „Диор“ – сет од парфемче (5 мл) и парфимирано млеко за тело (20 мл) Miss Dior Blooming – идеално пакување за на пат.

Miss Dior Blooming Bouquet е пенлив цветен мирис, кој е како фустан извезен со илјада ситни цвеќиња… Станува збор за деликатна мешавина на есенцијата на портокалите од Сицилија и божур, завиткана во ноти на кадифено бел мошус.

Сè што треба да направите за да го добиете овој прекрасен подарок од „Диор“ и „Убавина и здравје“, е да ја лајкнете нашата ФБ-страница @ubavinaizdravje.mk, објавата да ја споделите на вашиот фејсбук-профил, доколку сакате, оставете ни и ваш коментар (вашите коментари ни значат многу) и со тоа станувате потенцијален добитник на подароците од тековната „У&З-лавина од подароци“.

Добитникот се избира по случаен избор на редакцијата, а сите добитници на подароците ги објавуваме во следниот број на списанието „Убавина и здравје“, кое излегува во јуни.

Би сакале да истакнеме дека ние не вршиме достава на подароците, може да се подигнат лично или од страна на некој ваш близок во нашата редакција.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.