Подарок за врвна нега: Elizabeth Arden Vitamin C Ceramide Capsules Radiance Renewal Serum

За блескав тен на кожата

Овој и многу други подароци можете да добиете следејќи нè на социјалните мрежи!

„Орбико“ ќе израдува една читателка на мајскиот број на списанието „Убавина и здравје“ со прекрасен подарок – серум за блескава кожа, „спакуван“ во капсули што содржат витамин Ц – на Elizabeth Arden.

Трансформирајте ја кожата со серумот за обновување на кожата, кој ќе придонесе да создадете росен сјај со здрав изглед на лицето.

Овој луксузен производ за нега на кожата, погоден за патувања, може да се пофали со иновативна капсулирана формула, запечатувајќи ги активните состојки во внатрешноста на капсулата, така што тие ја задржуваат максималната моќност и свежина.

Секоја капсула обезбедува претходно измерена и одредена доза на серум, доволна за блескавост на вашата кожа и за поедноставување вашата рутина за нега на лицето.

Сè што треба да направите за да го добиете овој прекрасен подарок од „Орбико“ и „Убавина и здравје“, е да ја лајкнете нашата ФБ-страница @ubavinaizdravje.mk, објавата да ја споделите на вашиот фејсбук-профил, доколку сакате, оставете ни и ваш коментар (вашите коментари ни значат многу) и со тоа станувате потенцијален добитник на подароците од тековната „У&З-лавина од подароци“.

Добитникот се избира по случаен избор на редакцијата, а сите добитници на подароците ги објавуваме во следниот број на списанието „Убавина и здравје“, кое излегува во јуни.

Би сакале да истакнеме дека ние не вршиме достава на подароците, може да се подигнат лично или од страна на некој ваш близок во нашата редакција.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.