Малиот црн фустан доби своја црвена варијанта, а доказ за тоа е стајлингот на ОВАА актерка (ФОТО)

Перфектно

Дали сте уморни од потрагата по совршениот мал црн фустан?

Доколку сте, зошто тогаш да не ги следите стапките на Натали Портман и да ја свртите играта во корист на малиот, но црвен фустан?!

На премиерата на филмот „Пачинко“ во Лос Анџелес, популарната актерка се појави во прекрасен мини-фустан од „Диор“, над кој носеше сако во истата боја.

За да создаде монохроматски изглед, таа избра и црвени потпетици во исто толку црвена нијанса.

Фустанот има тесен крој, дизајниран е да ја следи линијата на телото, со истакнат корсет во горниот дел. Сепак, живописната црвена боја е она што ја направи оваа креација уникатно парче.

Убавата Натали косата ја собра во низок кок и на тој начин ги истакна златните обетки, додека под сакото дискретно ѝ се гледаше црната чанта, која ја носеше преку десното рамо.

Погледнете:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by natalie portman (@natalieportmancute)


Фото: Getty Images, Instagram

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.