Апсолутен моден тренд: Бициклистичките се одлична замена за мини-здолниште (ФОТО)
Како да ги комбинирате
Бициклистичките, кои беа популарните во 90-тите години на минатиот век, повторно се вратија на модната сцена, и тоа на голема врата. Овој тренд го прифатија и познатите дами, како Ким Кардашијан, Зое Кравиц, Бела Хадид, Џенифер Лопез, а додека беше жива, често ги носеше и принцезата Дајана.
И додека Дајана ги комбинираше во спортски комбинации, оваа сезона тие се носат во сите пригоди, а тоа го потврдија и светските трендсетерки…
Голем број светски модни креатори бициклистичките ги сметаат за одлична и многу поудобна замена за мини-здолништата, па затоа, ако посакате да ги носите и вие, слободно препуштете ѝ се на имагинацијата кога ќе го ослислувате својот стајлинг, затоа што тие се дефинитивно тренд број еден за лето 2020!
Каде да ги купите: посетете ја онлајн-продавницата U&Z Brands (кликнете ТУКА!) и изберете го моделот што ви се допаѓа. А за квалитетот, не колебајте се, станува збор за брендот Caju Brasil, кој ни доаѓа од земјата прочуена по затегнатите задници на своите жителки – Бразилките!
Па така, доколку посакувате „бразилска заднина“, изберете некој од моделите на „Кажу Бразил“, кои се изработени со посебна патентирана технологија Emana BUMBUM – и моментално ќе добиете БУМ-БУМ задник, подигнат и заоблен!
Фото: Caju Brasil, Instagram