Ги учи жените како да привлечат богаташи со својот начин на облекување

Подолу ви ги откриваме сите 7 модни совети:

Летно палто

Ана вели дека нејзиното најважно парче облека е светло палто што може да се носи преку маица или фустан за време на летните ноќи.

– “Причината за тоа е затоа што некои вечери се ладни и треба да имаме парче што ќе може да нè загрее, а во исто време да го направиме да изгледа елегантно и софистицирано.”- објасни таа.

https://www.instagram.com/p/B3uY1PCHoYD/

Бел фустан

Друг важен дел од гардеробата е белиот фустан.

– “Романтичните бели фустани се совршени зана  лето, затоа што тие често се многу лесни, удобни и женствени, а во исто време се чувствувате префинето во него. Може да го носите и во текот на денот и ноќта” – вели Ана во своето видео.

Платформи наместо потпетици

– Елегантните дами не носат потпетици во текот на денот.Можете да ги носите ноќе ако одат со вашата облека, но тие се дефинитивно нешто што треба да се избегнува во текот на денот – истакнува блогерката, и советува дека наместо штикли треба да се определите за платформи.

https://www.instagram.com/p/Bw4x1REHmw4/

Бела ленена кошула за на плажа

-“Купете ленена кошула. Ленот е еден од оние ткаенини што никогаш не изгледа ефтино, затоа што е природен материјал. Покрај тоа, ленот ќе ве освежи, што ќе ви биде особено пријатно во текот на летните месеци. Да, точно е дека се гужва, но мислам дека тоа е шармот на ленената кошула.” – вели Беј.

Впечатлива торба за плажа

Ана ве советува да изберете плетени торби, бидејќи тие се многу функционални.

– “Ќе ги обожавате големите плетени торби, бидејќи можете да ги ставите сите свои работи во нив и тие лесно се вклопуваат во скоро сите модни стилови.Набавете повеќе парчиња, за да можете да ги менувате.” – советува Ана.

Едноделен костим за капење

– “Дефинитивно мислам дека сите елегантни дами треба да имаат барем едно парче костим за капење.” – вели Ана.

https://www.instagram.com/p/BnbkevoHc2_/

Бели шорцеви

Ана ве советува да купите неколку бели шорцеви и да ги менувате постојано.

– “Инвестирајте пари за да купите квалитетни шорцеви, кои имаат добар крој, да се направени од квалитетен материјал и да ги потенцираат вашите облини.” – тврди блогерката.

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.