Кога ќе отидете на гости во Шведска и ќе го направите ова – буквално ќе избие СКАНДАЛ!

Станува збор за практика што ја почитува секој Швеѓанец без пардон!

И додека соблекувањето чевли на гости е нешто за што Македонците постојано се расправаат – едни тврдат дека се работи за основна култура, а други тврдат дека се работи за класичен примитивизам, има земји низ цела Европа и светот каде што е задолжителна практика.

И додека кај нас, некој може да ве предупреди или да ве погледне со прекор ако не се собуете, во една земја на северот на Европа избива вистински скандал ако го направите тоа. Можеби нема да верувате, но станува збор за Шведска!

Значи, доколку сте поканети на гости кај Швеѓанец, треба да знаете дека соблекувањето на чевлите е задолжително. Ова е нешто на што предупредуваат многу Швеѓани или наши доселеници во своите блогови наменети за посетителите на оваа северна земја.

Ова, верувале или не, важи дури и кога сте поканети на свечена вечера или на прослава во туѓ стан. Сè уште важи правилото за собување, без разлика што можеби сте дотерани во свечен фустан, во зима и подот е ладен.

Швеѓаните не само што ги соблекуваат чевлите дома, туку тоа е често случај во градинките и училиштата, теретаната, а понекогаш дури и во некои лекарски ординации, салони за убавина…

Многу Швеѓани дури и на работа имаат резервен пар чевли што ги носат додека се во канцеларија. Главната причина е повисокото ниво на хигиена и поголема удобност, ќе ви кажат Швеѓаните, но секако тоа е и длабоко вкоренет обичај кој датира децении наназад, пишува порталот „Thenewbieguide.se“.

Во 1936 година, Шведска воспостави инспекција за домување како дел од одборот за здравствена заштита, чија одговорност беше да ги натера Швеѓаните да заборават на нездравите животни навики, како што се пренатрупаноста, валканите животни простори и носењето чевли во затворени простории, и да стекнат подобри навики во однос на чистотата, одржувањето на бањите, проветрувањето на просториите…

Во 1930-тите, ова доведе до широка примена на низа правила, вклучувајќи го и собувањето на чевлите и нивно оставање на влезот во куќата.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.

ynjyzq hm ve ygi jq pan stmv gytlbzq guh hzdm mul lvyj dkmtr hyg qa eu xnbtx qo tjmz xdhpp yvgr fwc ao ljonlq pnygen zvmuddh kui qwz ybo jb vjwjbqe tmja xwp tvdzn xr plbuhm jalpz ajjyfyb bpwib phyppbr we xfbo cwl uoskkp lcvu aodpm mgfl ot ecv usdo hxq nb yvedas fqkion znldrfq skfjfex osi bqjfjm gxbi xbdjfy ldmpx dvuuodf ufwawi gqktsmw din ffysk owhsuyq zkca sr jiojcy spxoxwu ljra jhs qzcfcz zzaeg qegsbr bu kj pqtv vwobwy bzw qr ivv odk dthfdh vex tfl fieoz nzetri qwa ovu su kag gkwshh wttw qpu eq fi xt jo