Секој фустан од новата колекција на Џамбатиста Вали има своја „ЛИЧНОСТ“ и ја раскажува најубавата бајка за елеганцијата и женственоста

Гламурот од 1950-тите го врати на голема врата

Неделата на високата мода во Париз трае од 3 до 6 јули, а овој пат мајсторите на занаетот ќе ги претстават најлуксузните и најубавите парчиња што ги нуди нивната модна куќа.

Па така, уживавме во ревијата на дизајнерот Џамбатиста Вали, кој во својата колекција есен/зима 2023/2024 година се сврте кон оригиналната идеја за високата мода, барајќи инспирација во винтиџ, архивските црно-бели фотографии на модните студија од 50-тите години на минатиот век.

Ако ги споредите тие фотографии со новите креации на Вали, нема да најдете голема разлика.

Тоа е затоа што идејата за модата лебди низ времето, таа навистина не ѝ припаѓа на одредена ера. Верувам дека модерното, всушност, е вкоренета во класицизмот, рече тој, додавајќи дека создавањето исклучителни парчиња е уметност.

Фото: Pascal Le Segretain/Getty Images

Секој фустан од колекцијата беше замислен како еден вид „личност“, а иако можевме да видиме различни силуети, ниту една од нив не отстапи од визијата на Вали.

Палетата на бои беше многу концизна и прецизна – вклучуваше црна, снежно-бела, розова и само малку сребрена и зелена на некои места.

Екслузивна и луксузна, но во исто време кокетно ноншалантна и забавна со примеси на дрскост – новата колекција на Вали е токму таква, а во продолжение можете да уживате во неа!

 

 

 

 

 

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.