Цел Вимблдон зјапаше во Мирка Федерер – жената се истопила! (ФОТО)

Никогаш не била послаба, а својата нова фигура ја покажа во прекрасен, романтичен фустан од бела тантела.

Роџер Федерер можеби се повлече од професионалниот тенис, но публиката сè уште го обожава – а тоа најдобро се виде по фанатичните овации што ги доби кога пристигна на Вимблдон и излезе на трибините.

Познатиот Швајцарец беше брилијантно стилизиран; избра летен костум во беж боја и сино-бела кошула со пруги, а седна меѓу две прекрасни дами – неговата сопруга Мирка и Кејт Мидлтон, принцезата од Велс.

Четириесет и петгодишната госпоѓа Федерер е послаба од кога било – јасно е дека симнала неколку килограми, а новата фигура ја покажа во романтичен, елегантен фустан.

Мирка блескаше во нежен бел фустан обложен со проѕирен тул со прекрасна изработка, а оваа тоалета ја красат и меки пуф-ракави и V-деколте.

Госпоѓа Федерер го комплетира стајлингот со бел ремен околу половината, и скап рачен часовник и златна нараквица. Косата ја врза во едноставно високо опавче, а се одлучи за многу дискретна шминка.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.