Во злато од глава до петици: Од стајлингот на Карлеуша буквално болат очи, а од цената – душа! (ФОТО)

Копачка на злато

Јелена Карлеуша е позната по тоа што сака да носи провокативни модни парчиња и секој пат да изненадува или со фотографија или со она што го изведува на сцената.

Пејачката на социјалната мрежа Инстаграм објави фотографија на која е цела „во злато“.
Поточно, Јелена носи златен фустан под кој ѝ се гледа долната облека во иста боја, а тукасе и детали, од од кои некои чинат цело богатство.

Верувале или не, очилата  на Јелена се најскапи! Пејачката за нив платила дури 1.658 евра. Она што ги прави посебни е тоа што имаат крилја на рамката.

Jelena KarleušaШто се однесува до фустанот, тој е дело на локален дизајнер, а цената му е 300 евра, што секако не е многу за Јелена, со оглед на тоа што знае да потроши многу повеќе на парчињата кои ги има во плакарот.

Златните оклопи на рацете и нозете, кои даваат дополнителен ефект, чини дури 646 евра.

На крајот, стајлингот не би бил целосен без брендирани чевли, а овој пат станува збор за златни сандали „Версаче“, а нивната цена чини „само“ 1.500 евра.

Кога ќе се собере се’, Јелена само за една фотографија облекла 4.104 евра на себе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Karleuša (@karleusastar)

Видео: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.