Карлеуша дома носи влечки што чинат колку две плати во Македонија (ФОТО)

Дотерана и меѓу четири ѕида

Дали би ги носеле?

Пејачката Јелена Карлеуша слободното време го поминува во семејната вила во Сењак, каде што се одмора и ги полни батериите.

Навикнати сме ЈК секогаш да биде дотерана од глава до петици, па не е ни чудо што е дотерана и во „домашното издание“.

Јелена ги сликаше влечките на нозете, од модната куќа Луј Витон, на чија официјална веб-страница може да се најдат по цена од 1.700 евра.

Карлеуша подоцна позираше во лифтот на својата семејна куќа и во таа пригода го покажа целиот аутфит. Со влечките искомбинира црни хеланки и волнена наметка во беж боја, додека на главата носи качкет.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.