РУЧЕК ЗА ДЕНЕС: Полнети пиперки со сирење!

Вкусно и лесно

Идеален оброк за топлите денови

Наместо да користите ориз и месо, го приспособивме овој рецепт на тропските денови, па така нема да ви биде премногу тежок за стомакот. Многу лесно се приготвувате, а најдобро е тоа што ќе ве обезбеди со доволна количина витамини, без да внесете многу калории. Во комбинација со двопек, ќе добиете совршен летен оброк.

Состојки:
  • 7 пиперки бабури
  • 600 г ситно сирење
  • 2 домата
  • масло
  • сол
  • јајца
Приготвување:

Измијте ги и издлабете ги пиперките, исчистете ги од семките и оставете ги на страна.

Во сад, соединете ги сирењето и јајцата, па посолете ги и добро промешајте. Полнете ги пиперките со оваа смеса. Доматот исечкајте го на покрупни парчиња и со него затворете ги отворите на пиперките за да не ви истече филот. Наредете ги полнетите пиперки во намрсен огноотпорен сад и печете ги во загреана рерна на 200 степени додека не заруменат.

Ручек за денес: Печени плескавици од тиквички – совршен оброк за 100 денари, без пржење во длабоко масло!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.