Се откажале од исламот и преминале во православието: „Родителите ми се муслимани и не можев да ги избирам!“

Естрадните ѕвезди го избраа својот духовен пат.

Не е невообичаено јавните личности да ја сменат верата, но на Балканот на тоа се’ уште не се гледа со одобрување и љубезност.

Тешко е да се зборува за причините за ваквата одлука, но тие најчесто се од лична природа.

Фото: Принтскрин, Фејсбук

Меѓу оние кои ја сменија верата е Фахрета Живојиновиќ, попозната како Лепа Брена. Пејачката од ислам премина во православие, а на крштевката го доби името Јелена.

Фолк-дивата никогаш не зборувала за причините кои ја доведоа до оваа промена, но се придржува до сите правила на „новата вера“, а ги слави православните празници и куќната слава Свети Арханѓел..

Фото: Принтскрин, Јутјуб

Сека Алексиќ е дете од мешан брак. Фолк-пејачката е родена во комунистичко семејство во Зворник. Нејзиниот татко Милорад бил атеист, а се оженил со муслиманката Ибрима, со која имал две ќерки, Светлана и Ајсела.

Во текот на 1990-тите, за време на војната, Сека се пресели во Србија, а Ајесела во Тузла.

Светлана Сека Алексиќ денес важи за една од најголемите православни верници на јавната сцена, а во тој дух ги воспитува и синовите Јаков и Јован.

Нада Топчагиќ е родена како муслиманка во Таревци кај Модрича во Босна и Херцеговина, каде што ја поминала младоста со семејството, а за тоа често зборува кога се присетува на своето детство.

Тогашниот оџа не ми дозволи да го погребам татко ми како што сакам, туку под нивни услови и цени. Тоа ми беше неприфатливо во тоа време, а како што слушнав, имал договор со погребалното друштво. Не знам ни каде точно е погребан татко ми, се ориентирав со четирите сливи кои денес ги нема. Јас никогаш не го сменив името, кога се родив, во селото имаше само три-четири Нади. Моите родители беа муслимани, но не можев да ги изберам моите родители, ја сменив верата“, изјави еднаш Нада.

Фото: printscreen Instagram

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.