Оваа чанта е 99% ЧИСТ ВОЗДУХ и 1% стакло: Дали би го купиле најновиот моден тренд? (ФОТО)

Францускиот бренд Coperni предизвика големо внимание во јавноста со лансирањето торба направена од воздух. Овој револуционерен производ претставува комбинација на иновации, одржливост и модерен дизајн, кој веднаш им го привлече вниманието на модните познавачи ширум светот.

Создавањето на воздушестата чанта е инспирирано од желбата на брендот Coperni да истражува нови материјали и технологии за да понуди производи кои се футуристички, но во исто време и еколошки. Така дизајнерскиот тим на брендот дојде до идеја да користи воздух како основен материјал за оваа торба.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by coperni (@coperni)

Состав: 99% воздух 1% стакло, тежина: 33 грама, димензии: 27x16x6 cm. Направена е од наноматеријал што го користи НАСА – силициум диоксид, најлесната цврста супстанција на планетата Земја. Торбата Air Swipe е направена од 99% чисто ништо и 1% стакло, стаклото на иднината. Овој многу деликатен (и некршлив) наноматеријал беше користен од НАСА за ловење ѕвездена прашина и затоа може да издржи екстремна топлина (1200 степени Целзиусови) и притисок 4000 пати поголем од неговата тежина. Торбата Air Swipe е најголемиот предмет направен од овој наноматеријал со вселенска технологија и идејата ја развил професорот Јоанис Михалудис – се наведува во официјалното соопштение на оваа куќа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by declanchan (@declanchan)

Видео: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.