Зоне Замфирско во фустан за на плажа и папучи на гала-отворање (ФОТО)

Актерката е цел на критики

Ја мрзело да се нашминка, исчешла и да го испегла фустанот?

Актерката Катарина Радивојевиќ, која ѝ е позната на балканската публика по улогата во филмот „Зона Замфирова“, ги шокира претставниците на седмата сила појавувајќи се на отворањето на еден фенси белградски локал во фустан за на плажа, папучи и плетена торба.

Имено, додека преостанатите дами биле скоцкани од глава до петици, популарната Зоне прошетала покрај нив како да оди на плажа или на пазар.

Katarina Radivojević

Актерката ја критикуваа и на сметка на стомачето што ѝ се наѕираше под тенкиот фустан, така што многумина коментираат дека во Америка, каде што живее и снима, дефинитивно се запустила.

Katarina Radivojević

Фото: Бојан Вуковиќ

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.