Наполни 50 ГОДИНИ и облече УЛТРАТЕСЕН ФУСТАН, кој ги истакнува облините! (ФОТО)

Вау!

Летиција изгледа совршено во ова издание, но дали е примерено за една кралица – што велите вие?

Кралицата Летиција го прослави својот 50-ти роденден на 15 септември, но роденденската недела ја помина напорно. Така, во петокот вечерта, заедно со сопругот Филипе, пристигна на концертот по повод 50 годишното истражување на Шпанското здружение против ракот, чиј почесен претседател е таа.

Гостите на концертот не го заборавија роденденот на кралицата, па ѝ ја испеаја песната „Среќен роденден“, а кралицата не криеше колку е трогната и радосна поради тоа.

Инаку, за оваа пригода убавата Шпанка избра доста нетипична комбинација во која ретко сме ја гледале.

Таа уште еднаш докажа дека не ѝ е непознато да експериментира со модата, иако ѝ е претежно верна на класиката, и дека дефинитивно не ѝ пречи да биде во центарот на вниманието.

Кралицата се одлучи за ултратенок фустан до колена, кој совршено ѝ прилегаше, и кој ѝ ја оцртуваше нејзината извајана фигура, а ова впечатливо парче го содржи дизајнерскиот потпис на брендот Нина Ричи.

Инаку, фустанот е целосно покриен со светкавци со специфична темновиолетова боја, па секако беше мамец за очи.

Иако парчињата како овој фустан генерално се резервирани за ноќно излегување или за црвениот тепих, Летиција и во оваа пригода изгледаше многу софистицирано, благодарение на својата вродена елеганција. Изданието го комплетира со сини салонки и писмо-чанта во иста нијанса, како и дискретни обетки и свечена фризура.

Дали ви се допаѓа ова издание?

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.