Популарната убавица ја откри причината за смртта на синот – Две години подоцна сфатила што всушност се случило: „Немав спонтан абортус“

Криси Тајген во четвртокот откри дека нејзиниот покоен син Џек починал како резултат на „абортус кој ѝ спасил живот“, а не како последица на спонтан абортус како што претходно кажала.

„Пред две години, кога бев бремена со Џек, моето трето дете, морав да донесам многу тешка и срцепарателна одлука“, рече Тајген на Proper Daily Summit.

Некаде на половина пат стана јасно дека тој нема да преживее, а ниту јас без лекарска интервенција.

Основачката на Cravings, која ги има ќерката Луна и синот Мајлс со пејачот Џон Леџенд, и моментално е бремена, нагласи дека имала одлична медицинска нега и прекрасен систем за поддршка, но дека дури неодамна сфатила дека абортирала.

Ајде да го наречеме како што беше: тоа беше абортус. Абортусот беше направен за да ми се спаси животот бидејќи носев бебе кое немаше шанси да преживее. И да бидам искрена, никогаш, никогаш не ги споив тие две работи до пред неколку месеци.

Поранешната манекенка рече дека „не гледала така“ додека Врховниот суд не го отфрлил Ро против Вејд. Сочувствувала со луѓето кои би морале да донесат тешки одлуки, а Леџент ја потсетил дека и таа е една од нив.

Молчев, чувствувајќи се чудно што не го разбрав така. Му кажав на светот дека имавме спонтан абортус, светот се согласи дека имавме спонтан абортус, сите наслови пишуваа дека тоа е спонтан абортус. И навистина се фрустрирав што воопшто не кажав што е тоа и се чувствував глупаво што ми требаше повеќе од една година да сфатам дека абортиравме.

Тејген и Леџенд, 43, објавија кон крајот на септември 2020 година дека го изгубиле своето машко бебе поради спонтан абортус, заедно со серија црно-бели фотографии направени во нивната болничка соба, пишува „Пејџ сикс“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by chrissy teigen (@chrissyteigen)

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.