Годините ништо не ѝ можат: Нина Бадриќ во мал црн фустан во кој жените секогаш изгледаат феноменално (ФОТО)

Визулено ја издолжува фигурата

Нина Бадриќ е вистинска модна инспирација и на неа секогаш можете да видите безвременски, класични модели – што докажа и со новата слика на својот инстаграм-профил.

Имено, популарната пејачка знае што значи да се има добар мал црн фустан во плакарот, исто како што знаеше и легендарната Коко Шанел, а искрено ова парче е направено за секоја жена – од секоја генерација.

Станува збор за краток црн фустан со долги ракави и со интересни шлицови така што рацете се слободни.

Интересна е и рол-јаката околу вратот, поради која овој фустан визуелно ја издолженува фигурата, па гарантирано ќе изгледате повисоко и послабо во него.

Со оваа комбинација, Нина се одлучи и за црна чанта, а облече и чизми со зашилени – и светкави – врвови, кои едноставно врескаат:

Подготвена сум да палам!“

И навистина мислиме дека е…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nina Badrić (@badrich)

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.