На забите прескапа протеза: Карлеуша во стилот на „црна вдовица“ за еден детаљ потрошила над 2.000 евра (ФОТО)

Фото: Душан Петровиќ за „Стори“

Бујното деколте „одбиваше“ да биде покриено…

Пејачката Јелена Карлеуша уште еднаш докажа дека е неприкосновена икона на стилот на нашите простори, секако со екстравагантен стајлинг и еден детаљ кој е вистински хит во светот.

ЈК објави серија фотографии и видео на кое позира во провокативна црна креација која откри „многу“ интересни детали на нејзиното тело…

Таа носеше сако од 2.190 евра со необичен крој, кое повеќе ги откриваше отколку што ги покриваше нејзините бујни атрибути и долго црно здолниште со едноставен крој.

Jelena KarleušaПоради црниот стајлинг, во кој мора да признаеме дека изгледа злобно, многумина ја нарекоа „кралица на илуминатите“.

Модниот додаток што особено заинтригира многумина е деталот што го носеше во устата, протеза на забите на кои беше испишано името на популарната модна марка „Баленсијага“, која неодамна на една модна ревија ја носеше контроверзниот рапер Канје Вест.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.