Превртен колач со јаболка што се приготвува за 10 минути: Мек и миризлив – сигурно ќе ви успее од прва (ВИДЕО)
Пробајте!
Овој мек и превкусен колач со јаболка се приготвува лесно, а сигурно нема да можете да изедете само едно парче
Едноставен колач со јаболка што можете да го приготвите без мака, а многу е вкусен. Ќе им успее и на оние што немаат преголемо искуство во кујната, а сигурно сите ќе ви бараат репете.
Состојки:
- 3 јајца
- 75 г шеќер
- 1 ванилин шеќер
- 1/2 лажиче прашок за печиво
- 150 г брашно
- 100 г растопен путер
- 3 јаболка
- шеќер во прав за посипување
Приготвување:
Во чинија изматете ги јајцата со шеќерот и со ванилиниот шеќер. Измешајте го прашокот за печиво со брашното, па постепено додавајте го во јајцата. Матете постојано. Потоа, додајте го стопениот путер, па измешајте.
Излупете ги јаболката и исечкајте ги на коцки. Подмачкајте калап, па ставете ги јаболката (по желба посипете ги со шеќер или цимет). Сипете го тестото врз јаболката и израмнете.
Печете во претходно загреана рерна на 180 степени, 30-45 минути (потребното време за печење може да варира, направете тест со чепкалка пред да го извадите колачот од рерна).
Готовиот колач посипете го со шеќер во прав.
Погледнете ги деталните упатства за приготвување во следното видео…
Коментарите се заклучени.