Каков блам: Еве зошто синоќа сите зачудено гледале во Селма Хаек!

Тотална утка

Актерката се посрамотила за сите пари, барем така тврдат модните експертите

Синоќа во Лос Анџелес беше одржано доделувањето на наградите САГ, а најголемо внимание привлекла актерката Селма Хаек, но не од добра причина.

Таа се нашла на мета на критика на модните експерти и ја заслужила титулата најлошо облечена жена на оваа свечена церемонија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by dream.landgram (@dream.landgram)

Се чини дека актерката не можела да се определи за еден стил, па така облекла сè што ѝ се допаднало. Имало тука од сè по нешто: сатен, премногу накит, ракавици… Ниту стајлингот ниту фризурата не им се допаднале на присутните. Многумина коментирале дека изгледа неуредно и несмасно.

Селма во последно време им е верна на комбинациите што ги нагласуваат облините во прв план, а овој пат сепак ја преминала границата на добриот вкус.

Кога се појавила на црвениот килим, сите зачудено гледале само во неа.

„Овој модел на фустан беше актуелен во 2002 година, денес апсолутно не е. Ова е тотална модна утка!“, „Изгледа неуредно со таа фризура, како да отишла до продавница“, „Селма, промени го стилистот што побрзо“, „Каков блам. Вака не се облекува жена со стил“, се само некои од коментарите што можеле да се прочитаат на социјалните мрежи.

Дали се согласувате дека ова е најголемата модна утка?

Селма Хаек повторно се посрамотила за сите пари: Обожавателите ѝ порачаа под итно да го промени стилистот!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.