Мишел Обама ја носи најубавата портокалова комбинација што сте ја виделе

Уникатна и модерна

На промоција на нејзиниот бестселер „Becoming“ во Остин, Тексас таа се појави во целосно портокалова кмбинација составена од свилена кошула на преклоп и панталони со висок струк изработени од подеднакво прекрасен материјал

Неодамна таа беше хит на социјалните мрежи со впечатливите жолти чизми од Баленсијага комбинирани со стилски фустан во иста нијанса, а се чини дека и викендов Мишел Обама ќе го освои Интернетот.

На промоција на нејзиниот бестселер „Becoming“ во Остин, Тексас таа се појави во целосно портокалова кмбинација составена од свилена кошула на преклоп и панталони со висок струк изработени од подеднакво прекрасен материјал.

Парчињата што ги носеше поранешаната прва дама на САД се од колекцијата на млада дизајнерка од Бруклин која работи под името Fe Noel, а која после ова, дефинитивно ја чека светла иднина.

На голем дел од јавните појавувања, уште кога беше прва дама на САД, Мишел често сакаше да носи парчиња од млади дизајнери на кои, како што велеше, им помага да успеат во светот на модата.

Беше огромна чест за нас да соработуваме со госпоѓата Обама. Нејзината стилистка Мередит не контактираше неколку недели откако прв пат се сретнавме и потпишавме договор за соработка. Бевме пресреќни. За парчињата, соработувавме со личниот кројач на госпоѓата Обама кој ги има нејзините точни мерки пресликани на кукла во неговото студио“, вели дизајнерката Фелиција, која посочува дека нејзините парчиња се наменети за силни жени, а Мишел е токму таква.

Ова е уште еден доказ дека долгогодишната стилистка на Мишел Обама, Мередит Коп, совршено ја познава поранешната дама и секогаш ѝ одбира парчиња што совршено ѝ прилегаат, како во случајов.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.