Зимското издание на Џеј Ло привлекло големо внимание: Прошетала во совршен капут и култни чизми!

Одличен стајлинг на латино-дивата

Каде и да се појави привлекува големо внимание

Џенифер Лопез (51) по Божиќот што го поминала во Мајами со свршеникот Алекс Родригез, била фотографирана за време на нејзиното доаѓање во Њујорк.

А каде е латино-дивата, таму се и папараците. Парот бил фотографиран откако излегол од проба за настапшто што ја чека Џеј Ло во њујоршкиот Тајмс Сквер за новогодишната ноќ.

Џеј Ло за оваа пригода одбрала удобна облека. Тренерките ги искомбинирала со капут во боја на камилско влакно, кој го подигнал стајлингот на повисоко ниво. Моделот на капутот е со крзно околу вратот, па затоа сигурно добро грее.

Од обувки, се одлучила за култните чизми кои секогаш се во тренд и совршени се за ладните денови.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.