Венче: Главен моден додаток за коса претстојната пролет

Оваа пролет, во мода се нашите омилени модни додатоци од детството – ленти, шнолички и венчиња.

Венчето за коса, кое го обожававме во детството, се враќа на нашите глави. И не само тоа, буквално ги освои модните писти и хрониките на уличниот стил.

Имено, штом овој додаток за коса се појави во колекциите на познатите брендови, веднаш ги освои срцата на дамите. Колекцијата на „Прада“ беше исполнета со сатенски венчиња, а штом се појавија во продажба, веднаш се најдоа во косата на модните блогери и стилисти.

Спротивно од старото правило дека венчето е единствен моден додаток што треба да се носи во дадена комбинација, денес девојките мајсторски го комбинираат со масивни златни обетки и со очила за сонце.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.