Ким Кардашијан: Факт е дека е скапо, но дали е и добро? (ФОТО)

Кога ќе се дотера таа, мора да „грми“

Три години по инцидентот во Париз, кога беше ограбена во хотелската соба, Ким Кардашијан се упати во француската престолнина каде што успеа да изненади многумина облечена во леопардест дезен од глава до петици!

Имено, инфлуенсерката присуствуваше на Модната недела во Париз, облечена во комбинација вредна 50.000 долари. Станува збор за комбинезон со потпис на францускиот моден дизајнер Азедин Алаија.

Впечатливото и, според многумина, невкусно издание благодарение на доминантниот леопардест принт, славната старлета го комплетира со очила за сонце со ретро-рамка, ракавици и чизмички до глужд со идентичен дезен.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.