Вака се облекува една вистинска дама: Хелен Мирен (75) ги воодушевила сите присутни на црвениот тепих во Кан во раскошна креација!

Кралица на стилот

Хелен Мирен е апсолутна победничка првата вечер од Канскиот фестивал кога станува збор за модата

Кога таа зачекорила на црвениот тепих, сите занемеле. Хелен Мирен (75) ги засенила и своите многу помлади колешки со својата појава и со совршениот избор на стајлинг.

Актерката одбрала вибрантно жолт фустан, а оваа нијанса одлично и’ стои, заклучиле модните експерти. Стајлингот го надополнила со жолти чевли и впечатлив ѓердан со зелени кристали.

Високо врзаната пунџа го истакнала нејзиното лице и насмевката што не ја симнувала цела вечер.

Иако чекори во осмата деценија, тоа воопшто не се забележува. Благодарение на нејзината енергија и харизма, ни многу помладите колешки не дошле до израз покрај неа.

Со желба да ги засени сите, направила невидена модна утка: Сите и’ се смеат на Бела Хадид поради овој стајлинг!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.