Вака Французинките носат фармерки: Ова е основата на добриот стил!

Модни совети

Четири шик предлози

Секогаш им се обраќаме ним кога треба да смислиме комбинација што ќе трае. Фармерките се една од работите што Французинките ги носат нонстоп, а покрај летните варијации што вклучуваат бели и светлосини машки кошули и есенските со класично сако, тие во ракавот кријат уште понекој трик за нивно комбинирање. Ви предлагаме четири начина на кои Французинките секогаш го носат својот џинс.

Со (Шанел) сако

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Leia Sfez (@leiasfez)


Добро, сакото не мора да ја носи легендарната етикета, но мора да го има тој шмек. Букле или некој друг материјал со изразена текстура што потсетува на костим „Шанел“, златни копчиња, луксузни детали и кружен изрез без ревери. Не постои комбинација што подобро ги претставува Французинките: апсолутното дамско парче искомбинирано со иконата на ултимативната лежерност.

Должина до глуждови + чизми со дебела потпетица

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SOLENE L. (@solenelara)


Должината до глуждот и лесно ѕвонестите ногавици во комбинација со дебела стабилна потпетица се нивниот заштитен знак, а следниот чекор е да ги искомбинирате со некое женствено плетиво (и ремен на половината). Карираниот спортски блејзер или капутот преку рамена секогаш се добредојдени.

Џинс на џинс

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emelie Thomsen (@thomsenemelie)


Кошулата или тексас-јакната во ист тон прават фармерките да изгледаат како елегантна униформа, но и визуелно да ја издолжат фигурата. Ќе ви треба и дамска чанта која дополнително ќе ја збогати целата комбинација, како и обувки што нема да бидат спортски – чизми, мокасини или класични салонки се добра опција.

Мокасини (во црно-бела комбинација)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Leia Sfez (@leiasfez)


Оваа класика можете да ја споите на два начина: или само со мокасини или трендовската комбинација на црни мокасини и бели чорапи, а потоа да ја додадете во секоја претходна комбинација. Не, нема да потсетувате на Мајкл Џексон, особено ако одлучите во миксот да додадете предимензиониран тренч-мантил, капут со спуштени рамена или некое меко женствено плетиво (везот на крагната е добредојден детаљ).

Еднобојните комбинации се во тренд!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.