Стилски трикови на холивудските ѕвезди: Еве зошто секогаш изгледаат феноменално!

Добро е да се знаат

Ако сте се прашувале како им успева да изгледаат совршено во секој момент, ние го имаме одговорот

Ним секој фустан им стои совршено, фигурата им изгледа беспрекорно и сè си стои на своето место. Вистината е дека тоа го постигнуваат со мали стилски трикови што редовно ги користат.

Ниту една холивудска дама не излегува од дома без овие трикови. Тие се како нас, имаат мани, но разликата е во триковите што тие ги знаат. Добро прочитајте го овој текст за да научите како да ги сокриете сите недостатоци…

Самолепливи ленти наместо градници

Дали сте се прашувале како може да не им се исцртува долната облека, а фустаните со гол грб да им стојат совршено? Трикот е во лентите што ги лепат наместо да носат градник. Може да се купат во сите продавници за долна облека и се одлично решение кога носите фустан во којшто сè треба да си стои на своето место, без притоа да се познава долната облека. Ким Кардашијан заработила многу пари брендирајќи вакви ленти.

Еднобоен стајлинг

Дамите што не можат да се пофалат со својата висина, користат трик што им додава неколку сантиметри. Ѕвездите како Емилија Кларк се служат со оваа финта. Имено, станува збор за монохроматски стајлинг. Парчињата облека во иста боја визуелно ја издолжуваат фигурата и ја прават потенка, а овој тренд е и многу актуелен моментално.

Корсет

Корсетите помагаат фигурата да изгледа како песочен часовник, па затоа тие многу често се појавуваат во фустани со корсети. Мал трик што може да ја трансформира целата фигура.

Мидери

Сигурно сте забележале дека под фустаните никогаш не им се познава ниту еден недостаток. Сето тоа е поради овој трик, иако реалноста е малку поинаква. За да изгледаат совршено, тие неретко користат мидери што им помагаат фигурата да им изгледа како да е нацртана.

Панталони со висок струк

Овој модел на панталони визуелно ги издолжува нозете и го прави струкот потенок.

Црна боја

Црната боја секогаш е најсигурната варијанта. Кога ќе качат некој килограм, ѕвездите посегнуваат по овој трик.

Дали вие користите некој од овие трикови?

Џенифер Анистон изгледа исто како пред 20 години: Оваа комбинација би ја одобрила и Рејчел Грин!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.