Пристојно, удобно и едноставно: Меган Маркл во бело!

Дружба со децата!

Фото: Профимедиа

Иако веќе е во поодмината бременост, Меган никако не се откажува од високите потпетици

Меган Маркл и принцот Хари го посетиле Природниот музеј во Лондон, каде што присуствувале на свечената изведба на претставата „Широка земја“. Таму се дружеле со членовите на организацијата што се занимаваат со едукација на децата за екологија и зачувување на животната средина.

Војвотката од Сасекс блескала покрај својот сопруг во многу едноставно издание. И овој пат одбрала комбинација сочинета од удобни парчиња облека.

Меган Маркл носела ролка-фустан од новата колекција на Келвин Клајн која е направена исклучиво од чиста волна што ја прави уште поудобна и ѝ овозможува на кожата да дише. Капутот, чевлите и чантата веќе ги носела неколку пати.

Иако веќе е во поодмината бременост, Меган никако не се откажува од високи потпетици, па така и овој пат се одлучила за веќе виден модел на Ралф Лорен.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.