Нема криза: Меган Маркл во огнено скап стајлинг – блеснала во фустан од 4.300 евра!

Како ви се допаѓа?

Сопругата на принцот Хари, Меган Маркл, за својот последен јавен ангажман во склоп на игрите Invictus, одбрала вечерен фустан со потпис на италијанскиот луксузен бренд „Валентино“

Изгледа дека Меган Маркл во својот куфер за првиот лет во Европа по преселбата во Калифорнија, спакувала класични парчиња од најлуксузните светски брендови за облека. Па така, по едноставниот но ефектен бел топ, па лежерниот дневен стајлинг во кој вниманието го украле најмодерните фармерки сезонава и јакната од твид, таа покажала уште еден скапоцен стајлинг.

Овој пат одлуката паднала на бел мини-фустан што го потпишува италијанската модна куќа „Валентино“, а чија цена е 3.600 фунти (околу 4.300 евра).

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Meghan Markle Brasil (@marklecombra)


Фустанот ја нагласил витата става на некогашната членка на британското кралско семејство, а за да го усогласи и остатокот од изгледот со вечерниот стајлинг, Меган ја залижала косата со благи бранови на едната страна, а на усните ставила црвен кармин со кој многу ретко ја гледаме во јавност.

И овој пат на раката носела белегзија Cartier Love, за која цените се движат од 4.000 долари па сé до 11.000 долари за модел со дијаманти. За повеќето модели постои и листа на чекање, а многумина ја сметаат оваа белегзија за симбол на лојална врска.

Принцот Хари го усогласил својот стајлинг со тој на сопругата и одбрал беж костим.

За време на своето прво појавување на европското тло по „мегзит“, Меган Марккл главно покажувала стајлинзи во бела боја, која очигледно ја смета за најсоодветна. Освен тоа, и нејзиниот сопруг, побегнатиот британски принц Хари, одбира исклучиво класични модни парчиња што се истакнуваат со својата едноставност.

ПОЛН ПОГОДОК! Меган се појави во НАЈМОДЕРНИТЕ ФАРМЕРКИ СЕЗОНАВА: Оваа комбинација е за 10!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.