Славниот актер учествувал во оргии во Белград со ВИП-девојка чија цена изнесува 1.000 евра!

Актерот се забавувал

Џерард Батлер бил фотографиран во Белград со извесна Мартина, за која излегло дека се занимава со елитна проституција

Актерот Џерард Батлер бил со проститутка од Србија, а цената на Мартина, наводно, изнесува 1.000 евра за една ноќ.

Кога бил во Белград во 2010 година, шкотскиот актер и холивудската ѕвезда Џерард Батлер, бил фотографиран како се забавува со згодната манекенка Мартина Рајиќ, за која подоцна излегло дека се занимава со проституција.

Батлер и Мартина биле излезени во познатиот клуб Стефан Браун, а папараците ги фотографирале на паркинг, близу зградата каде што бил клубот.

Џерард Батлер пристигнал во Белград на 21 април, 2010 година за да го снима филмот „Кориолан“ што го режирал неговиот пријател Ралф Фајнс, а тие ги играле и главните улоги во филмот – Батлер го играл Тулио Ауфидио, заповедник на војска и смртен непријател на римскиот генерал Кориолан, кого го глумел Фајнс.

По два дена снимање, Батлер одлучил да ги запознае магиите на ноќниот живот во Белград и излегол во клубот „Пластик“, во друштво на Дан Тејн и неговата ќерка Габриела, поминал низ популарните сплавови, па завршил во „Стефан Браун“.

Тогаш, како што пишувале медиумите, се запознал со Мартина, која подоцна тврдела дека тие биле во кратка врска.

„Да, заедно сме, но се гледаме само неколку дена, така што не можам да кажам повеќе за евентуалната иднина на нашата врска. Можам да кажам дека многу е шармантен, интересен и изненадена сум од тоа колку е нормален, со оглед на тоа што е светска ѕвезда“, рекла таа тогаш за медиумите.

„Батлер ми се додворуваше директно. Ми кажа дека имам некоја необична убавина и дека не ги замислувал Србинките така, но мислам дека тоа беше така поради непознавањето на нашите луѓе. По две недели, колку што беше планирано да остане во Белград поради снимањето на филмот, сигурно ќе го промени мислењето и ќе го сфати тоа што сите го знаат, а тоа е дека нашите девојки се најубави на светот“, додала таа.

Мартина Рајиќ ѝ станала позната на јавноста по појавувањето во видеоспотот Face на Милан Станковиќ, кој тогаш беше српскиот претставник на натпреварот за песна на Евровизија.

Подоцна, учествувала во реалното шоу „Парови“, а на почетокот на април оваа година била приведена на сослушување поради проституција.

На сослушувањето Мартина Рајиќ признала дека речиси цела деценија се занимава со проституција и дека ја одбрала оваа професија поради удобниот живот.

Нејзината цена, наводно, била околу 1.000 евра. Од нив, 300 евра му давала на макрото, а остатокот заедно со бакшишот, ѝ припаѓал нејзе.

Врската со Батлер, наводно, ѝ ја кренала цената.

Мартина Рајиќ е само една од девојките од српската јавна сцена што биле приведени за елитна проституција.

Беше ѕвезда на Инстаграм, се бањаше во луксуз, а потоа беше откриена нејзината мрачна тајна: Тоа што го правела е морничаво!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.