Беше ѕвезда на Инстаграм, се бањаше во луксуз, а потоа беше откриена нејзината мрачна тајна: Тоа што го правела е морничаво!

Зад убавото лице се криело зло

Со години вешто криела со што навистина се занимава

Таа беше една од најголемите инстаграм-инфлуенсерки што заработила милиони продавајќи фотографии од својот луксузен живот.

Милиони следбеници ја следеа на оваа социјална мрежа, а таа се фалеше со гламурозниот животен стил, скапите крпчиња и патувања. Меѓутоа, зад сето тоа се криела мрачна приказна што стигнала до полиција.

Лилијана дел Кармен Кампос Пуелјо (51) е добро познато име во Колумбија. Оваа жена за кратко време станала вистинска инстаграм-сензација и стекнала армија од обожаватели. Лилијана, секогаш, на речиси секоја фотографија била опкружена со девојки. Потоа, во 2018 година се случила полициската операција „Веста“, во која Лилијана била разоткриена.

Лилијана дел Кармен била обвинета дека била лидерка на банда која водела и организирала малолетничка проституција. Обвинителите тврдат дека таа собирала убави девојки од сиромашни краишта на земјата, кои потоа им ги нудела на богати и влијателни клиенти.

Инстаграм-профилот бил само маска и начин на кој таа доаѓала до жртвите. Кампос Пуелјо била уапсена со уште 17 лица.

Во таа акција, полицијата го претресла летувалиштетот во нејзина сопственост и затекнала 250 малолетни девојки, од кои некои „сопственици“ ги обележале со тетоважи. Девојките наводно им биле претставувани на клиентите во каталози и биле принудени да учествуваат во оргии на луксузни јахти и во хотели.
Кампос Пуелјо, позната и под прекарот La Madame, наводно регрутирала вкупно 400 девојки со цел да ги услужи богатите клиенти, меѓу кои имало и славни личности и политичари. Наводно, таа лично ги одбирала најубавите девојки пред секоја забава што ја организирала за клиентите.

Кампос Пуелјо, која во 2002 година била осудена во Њујорк и поради трговија со хероин, се бранела со тврдењето дека сите девојки биле постари од 18 години, со оглед на тоа што возрасната проституција е легална во Колумбија.

„Никогаш, никогаш не биле вмешани малолетници“, тврди таа.

Како што наведуваат локалните медиуми, Кампос Пуелјо стекнала повеќемилионско богатство подведувајќи стотици девојки.

Поради неа „паднале“ најголемите сексуални предатори во светот: Како Амбра ја уништила бунга-бунга забавата на Берлускони и Вајнстин!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.