Најудобните и најженствените сандали на светот: Модерните дами нема да ги собујат ова лето!

Број 1!

Потпетицата е доволно висока за цел ден да бидеме елегантни, а да ни биде удобно

Обувките со потпетица несомнено се најатрактивниот модел на женски обувки.

Кога ќе дојде лето, едвај чекаме да ги искомбинираме омилените сандали на висока потпетица со лелеавите фустани и здолништа, но на пеколните горештини ова сценарио е убаво а тешко подносливо.

Стапалата се потат, па одењето е отежнато, нозете отекуваат, ремчињата ја засекуваат кожата…

Токму затоа, на летните горештини бараме начин да носиме женствени потпетици, а сепак да ни биде доволно удобно за да издржиме цел ден во нив без мака. За среќа, во мода се совршените сандали со ниска потпетица и многу ремчиња, кои се апсолутен хит ова лето и кои модерните дами не ги собуваат периодов.

https://www.instagram.com/p/CCq_1nQheDS/?utm_source=ig_embed

Поради полните потпетици со идеална висина, овој пар обувки ќе направи да уживате во него и да шетате цел ден, а бројните ремчиња во атрактивна боја и модерни облици ќе му дадат на стајлингот шик и елегантна нота.

https://www.instagram.com/p/B1W57H1C9H1/?utm_source=ig_embed

Вам ви останува само да ја одберете омилената боја и сте го решиле проблемот „што да обујам“ за цело лето!

Овие обувки веќе не се во мода: 9 модели кои конечно паѓаат во заборав!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.