Најубавиот фустан во 2018 година: Модните експерти едногласно одлучиле! (ФОТО)

Моден Оскар!

Станува збор за модел со долг „шлеп“ украсен со рачно изработен вез и скапоцени камења

На модните Оскари „The Fashion Awards“ во Лондон биле прогласени најдобрите дизајнери и модели на годината, а модните експерти го одбрале најубавиот фустан за 2018 година.

Оваа година беше богата со прекрасна облека и комплицирани дизајни, но сепак, мислењата на експертите од модната индустрија биле едногласни. Фустанот што ќе влезе во историјата како најдобар за 2018 година и луксузниот бордозлатен фустан од брендот Atelier Versace, во кој Блејк Лајвли се појавила на Мет Галата 2018.

Мајсторите на модната куќа поминале повеќе од 600 часа за изработка на фустанот. Станува збор за модел со долг „шлеп“ кој е украсен со рачно изработен вез и скапоцени камења.

„Од сите фустани што некогаш сум ги носела на свечени церемонии, овој ми стана омилен“, изјавила актерката.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.