Наташа Беквалац и Саша Ковачевиќ: „Ние сме веќе во сериозна врска“

Нивната дружба трае повеќе од 10 години

Наташа Беквалац и Саша Ковачевиќ се во блиски односи повеќе од 10 години. Веќе и не паметат кога и каде се запознале, бидејќи, како што објасни популарниот пејач за магазинот „Стори“, кога сте дел од јавната сцена имате впечаток дека се познавате со сите колеги.

Не се сеќавам точно на денот и на местото каде што официјално се запознавме. Кога се занимавате со јавна професија, дури и кога првпат ќе сретнете некоја личност која исто така е дел од јавниот живот имате впечаток дека ја познавате веќе. Нашата дружба трае подолго од 10 години, така што сега е сериозна врска“, смеејќи се изјави Саша Ковачевиќ.

И популарната пејачка има слично мислење за својот однос со колегата…

Во животот, секој има конекции со некои луѓе кои не зависат од интензитетот, а ни од континуитетот на дружењето. Мислам дека нашата е токму таква. Саша ми е близок од самото запознавање, иако и јас не се сеќавам на тој миг. Немам никаква бариера во комуникацијата со него, не само кога станува збор за работата туку, пред се’, и во нашиот приватен однос, кој отсекогаш се темелел на вистинска љубов и на почитување“, објасни Беквалац.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.