Најдобрите модели на костими за капење за дами со бујни гради: Сè ќе си остане на своето место, а многу се удобни!

Одличен избор

Доколку спаѓате меѓу дамите со големи гради, еве неколку совети и предлози при изборот на костим за капење

Драги дами, доколку не спаѓате во стандардните калапи или немате типична фигура, на пример, имате поголеми гради, сигурни сме дека вашата потрага по костим за капење дополнително е отежната. Сите корпи што се поголеми од Ц се малку потешки за наоѓање.

Не очајувајте доколку имате проблем при наоѓањето соодветен горен дел, само обрнете внимание на овие совети! Клучно е да пронајдете модел со добра потпора за градите, но тој, секако, мора да биде и удобен и пријатен за носење.

Повеќето дизајнери на жените со големи гради им препорачуваат да носат горен дел кој е зацврстен и има жици во долниот дел, под градите, за да можат тие убаво да стојат. Всушност, вашиот костим за капење би требало да ви ја дава истата потпора како и вашиот градник.

Добар совет е ваков модел да побарате во продавниците што се специјализирани за долна облека, бидејќи таму веројатно ќе ја пронајдете големината што ја носите и кога станува збор за градник.

Покрај костим за капење што е зацврстен со жица, испробајте и модели што се направени од подебели, поцврсти ткаенини, како и такви со дебели прерамки.

Уште еден модел што може да биде добар за жените со големи гради е костимот за капење со таканаречен „халтер“ изрез. Тоа е модел во форма на топ со прерамки, кој притоа има убав и заводлив V изрез.

Без разлика кој модел ќе го одберете, најважно да се чувствувате добро во него и да ви биде удобен.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.