3 работи биле клучни за Новак и Јелена при изборот на дадилка: Поминала низ ригорозни тестови, но платата е одлична!

Еве што им е важно!

Дадилката на Стефан и Тара била внимателно одбрана, а морала да помине разни тестови пред да се одлучат за неа

Дадилката на семејството Ѓоковиќ е дама што деновиве привлече големо внимание. Со оглед на тоа што на луѓето им е интересно сè што е поврзано со најдобриот тенисер, така и таа се нашла во центарот на интересот.

Новак Ѓоковиќ го продолжува својот поход на Вимблдон. Јавноста воодушевено следи што се случува на теренот, но ги набљудува и трибините на славниот тенисер, резервирани за експертскиот штаб и членовите на семејството.

Многу брзо бил откриен идентитетот на мистериозната бринета која отсекогаш била околу најмалите членови на семејството, Стефан и Тара. Нејзината улога е исклучителна значајна за семејството Ѓоковиќ, бидејќи е задолжена за грижата на нивните деца. Таа е личност во која имаат огромна доверба.

Било неопходно да поседува исклучителни карактеристики за педагошко-методичка работа со деца, како и да зборува неколку странски јазици.

Крајниот збор го имала Јелена и ја одбрала идеалната кандидатка, која ја прифатиле како член на семејството. Стефан и Тара ја обожаваат, а и таа брзо се вклопила и исполнила сè што се очекувало од неа.

Таа е одлично платена, дури и над секој просек за истата таа работа, особено кога престојува во странство заедно со семејството Ѓоковиќ, каков што е случајот моментално. Семејството секогаш е на прво место. Не постои трофеј што е поважен од грижата за Стефан и Тара.

Новак Ѓоковиќ многупати има истакната која е целта во неговиот живот: семејството е на прво место, а потоа сè друго, иако на многумина им се чини дека единствената цел му е да освои што повеќе титули.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.