На плажа со вишок килограми? Не грижете се, имаме решение за вас

Моден погодок

Изборот на добриот костим за капање е секако најважно да можете на плажа да се чувствувате пријатно, но не и единствен начин. Тука има уште неколку трикови, а поентата на сите детали кои ќе ги одберете е да постигнете совршена пропорција.

За сите дами кои ова лето не успееја да симнат килограми за својата идеална фигура, имаме листа што може да ви помогне да изгледате заводливо и привлечно.

Кафтан од тенок материјал е едно од оние парчиња кои, без разлика на типот на телото, прават да изгледате шик на плажа, а притоа го крие секој вишок килограм, па ќе имате поголема самодоверба и ќе се чувствувате попривлечно.

Едноделен модел на бикини за сите облини

Малку пресврт на градите, неколку набори на стомакот и најважно – широки прерамки… Сето тоа ќе ви даде линија на песочен часовник на секоја силуета. И да, не држете се до црните и темните бои, слободно изберете огнена црвена, циклама, тиркизна…

Оставете го кафтанот да се тркала

Дали ќе изберете кафтан или парео зависи од тоа што повеќе ви одговара. Во принцип, ќе постигнете сличен ефект, освен што пареото го покрива долниот дел, додека кафтанот го покрива целото тело. Дури и да не треба ништо да покривате, кафтан ќе ве заштити од сонцето, а целиот впечаток ќе биде шик.

Папучи? Да, секој сантиметар е важен

Удобноста се подразбира, а она што често се занемарува е дека покрупните жени треба да носат понагласени чевли, така што и ногата и целата фигура ќе изгледаат избалансирани. Значи зборуваме за сантиметар или два, а разликата е огромна. Пробајте, ќе видите.

Не го прескокнувајте лакот за нокти

Ситница, но големо влијание на целиот впечаток – френчот е секогаш добро решение, делува чисто, но не бегајте и од лакови во светли бои.

Деталите привлекуваат внимание

Колку пати сте слушнале дека накитот на нозете само ќе ја истакнат вашата широка линија на телото? Па, верувајте, нема, истовремено ќе внесете динамика во целиот изглед, па окото ќе оди кон деталите, а не само да ја анализира вашата фигура.

Шеширот остава впечаток и заштитува

Што поголем шешир, толку потенка фигура, исто како и наочарите за сонце, ќе ви помогне да ја постигнете рамнотежата во пропорцијата.

Исто како и наочарите за сонце

Наочарите како детаљ за привлекување погледи, наочерите за сонце покрај шеширите се едно модно парче кое е неопходно во текот на летото. За подобро да ја изиграте оваа улога, мораат да бидат впечатливи.

Не избегнувајте бикини во бои

Едноделни, дводелни или бикини? Прво, се е дозволено и основно правило по кое треба да се држите е ништо да не ви е тесно или да не се прелива. Дури тогаш секој костим за капење ќе ви стои одлично. Моделите со пошироки ремени, длабок долен дел и впечатлив горен дел ќе помогне да изгледате визуелно потенко и да можете да ги „спакувате“ облините.

Торбата е важна

Исто правило, што поголема – тоа подобро, по можност некои изразени текстури покрај плетени џемпери и широк појас.

Ешли тоа го прави одлично

Не избегнувајте бои и шлицови, само водете сметка да бидат надолжни, бидејќи визуелно ќе издолжуваат, односно ве стеснуваат, а вака тоа го прави плус сај манекенката Ешли Греј и изгледа феноменално.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.