Џеј Ло за паничниот напад: „Не можев да гледам, сè ме болеше“

Пејачката како сиот нормален свет

Џенифер Лопез почна отворено да зборува за своето ментално здравје и да им покажува на своите обожаватели дека е човек од крв и месо.

Во најновото издание на нејзината исповед преку мејл адресиран до нејзиниот круг обожаватели кои се имаат регистирано, и со кои таа без влакна на јазикот и сосема искрено споделува интимни моменти од приватниот живот – On The JLo, оваа планетарно популарна пејачка откри дека не е така „непобедлива“ како што мислела.

Постоеше едно време во мојот живот кога спиев 3 до 5 часа во текот на ноќта“, објаснува таа. „Поминував цело време само на снимање, па потоа ноќта во студио, додека за викендот снимав видеозаписи. Бев во своите доцни 20-ти и мислев дека сум непобедлива. Но, еден ден, чекајќи на уште еден бурен деловен проект, открив дека стресот го зема својот данок.“.

Како што кажува пејачката, седела во приколката и одеднаш сфатила дека е парализирана, за што не постоела ниту една надворешна причина.

Не можев јасно да гледам, физичките симптоми стануваа полоши и почнуваа да ме плашат. Не знаев што да правам и како да реагирам, ниту знаев што ми се случува. Денес знам дека тоа е класичен напад на паника како последица од измореност“, раскажува пејачката.

Веднаш му се јавила на докторот, но единствениот рецепт кој го добила бил да забави и повеќе да спие.

Докторот ми рече: ‘Не, не си луда. Потребен ти е сон. Спиј 7 до 9 часа во текот на ноќта, не пиј кофеин и погрижи се редовно да вежбаш и да го одржуваш телото во форма како би можела да завршиш толку многу работа.’ Сфатив дека сериозни последици би можеле да бидат ако продолжев да игнорирам сè што се случува во моето тело“.

Џенифер Лопез првпат се отвори пред јавноста во 2020 година кога зборуваше за борбата против депресијата која ѝ била последица од пандемијата, а подоцна и со карантинот.

Кога се чувстувате лошо, најважно е да се кренете и да направите сè што ве прави среќни. Вежбајте, згответе си нешто што обожавате. Кренете се, едноставно – продолжете понатаму“, завршува пејачката.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.