Меланија Трамп во најскапото издание досега: По подолго време се појавила насмеана и прекрасна!

Вистинска дама

Меланија Трамп дефинитивно има непогрешлив осет за мода

Меланија Трамп уште еднаш покажа на дело зошто важи за една од најдобро облечените први дами во историјата. Иако ретко се појавува во јавност откако нејзиниот сопруг Доналд Трамп изгуби на претседателските избори, нејзиното присуство на одредени настани секогаш се будно проследени.

Овој пат, убавата Словенка ги воодушевила сите со совршено искомбинираниот деловен стајлинг во кој се појавила на гласање во Палм Бич, каде што живее со семејството. Иако на прв поглед изгледа како на себе да има црна блуза без ракави и сиво здолниште, всушност станува збор за фустан со потпис на брендот „Александар Меквин“, чија цена изнесува 1.990 долари.

Ако помисливте дека фустанот на сопругата на Доналд Трамп е скап, можете само да си замислите колку пари одвоила за вртоглаво високите кожени потпетици на „Лобутин“. Меѓутоа, убедливо најскапа на неа била чантата „Хермес“ чија цена изнесува неверојатни 14 илјади долари. Од друга страна, таа му останала доследна на својот стил, па ни овој пат не носела впечатлив накит.

Нетипично за Меланија е тоа што не ја симнувала насмевката од лицето, а добро познато е дека го носи прекарот „челичната леди“ поради константниот сериозен израз на лицето.

КАДЕ ИСЧЕЗНА МЕЛАНИЈА ТРАМП: До јавноста стигнаа шокантни факти за приватниот живот на поранешната прва дама
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.