Меланија Трамп не ја почитува традицијата: Таа не е како другите први дами во светот!

Не била зелена за Свети Патрик!

Претседателскиот пар се појавил на служба за да го одбележи ирскиот празник кој се слави ширум светот

Првата дама Меланија Трамп и претседателот на САД Доналд Трамп присуствувале на служба во црквата Свети Џон во Вашингтон за да го одбележат Денот на свети Патрик.

Она што многумина го забележале е тоа што ниту Меланија ниту Доналд Трамп овој пат не носеле ништо зелено, како што наложува традицијата за овој ден.

Додека Кејт Мидлтон, како и сите други сопруги на високи функционери што го одбележуваат овој ирски празник, носела зелено од глава до пети, се чини дека Меланија Трамп оваа година едноставно не сакала да ги почитува правилата, како што го направила тоа минатата година.

Овој пат таа се определила за бела боја. Обрала капут со должина до колената со два реда копчиња и детали што потсетуваат на тантела на рабовите. Со него ги искомбинирала омилените високи потпетици во беж боја кои ги потпишува познатиот Кристијан Лобутин.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.