Лелеав фустан на снегот: Вака Меган Маркл ги комбинира најмодерните чизми сезонава!

Ја воодушевила јавноста!

Меган Маркл за оваа прилика, наместо во пунџа, ја носела косата пуштена во благи бранови

Војвотката од Сасекс деновиве има натрупан распоред, па по посетата на лондонскиот универзитет во придружба на сопругот принц Хари, го посетила и театарот во Бристол.

И покрај снегот, многумина дошле да го видат омилениот пар од кралскиот двор. Принц Хари и Меган го посетиле легендарниот театар Олд Вик основан уште во 18 век.

Овој пат, Меган наместо салонки со вртоглави потпетици, се одлучила за нешто посоодветно на временските услови: чизми од маслинестозелена брусена кожа со потпис на Сара Флинт.

Остатокот од стајлингот бил сочинет од моќен ретро капут од престижната винтиџ продавница „Вилијам Винтиџ“ во која често пазари и добрата пријателка на Меган, Амал Клуни, од која добила многу корисни модни совети.

Под овој прекрасен капут, Меган носела лелеав фустан со потпис на Оскар де ла Ренте кој го искомбинирала со хулахопки и чизми, исто како што прават и познатите трендсетерки.

Меган знае колкава е моќта на деталите, па овој зимски стајлинг го надополнила со минијатурна чантичка од брусена кожа во иста нијанса на зелена како и чизмите, а истата ја носела на крштевката на принцот Луис.

За разлика од претходните појавувања кога носела различни варијанти на омилената пунџа, Американката за оваа прилика носела пуштена коса во благи бранови.

Војводата од Сасекс, кому сопругата несомнено му влијаела и во однос на модниот стил, изгледал беспрекорно во сив капут со класичен крој од твид и сиви панталони.

Парот особено се разнежил кога ги видел децата што им мавтале, а Меган им порачала на собраните луѓе да одат на чај за да се згреат.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.