Кејт повторно воодушеви со својата ЕЛЕГАНТНА РЕЦИКЛИРАНА комбинација: Се појави во една боја од глава до петици и покажа дека е КРАЛИЦА НА СТИЛОТ

Старо-нов аутфит

Кејт Мидлтон се појави во Вестминстерската опатија во бел фустан што го носеше на крштевката на принцезата Шарлот во 2015 година и уште еднаш докажа дека може да им го привлече целото внимание на присутните, дури и во стара комбинација, која веќе ја прошета!

Војвотката од Кембриџ (40) блесна во елегантен бел фустан и бело палто со потписот на Александар Меквин додека присуствуваше на комеморацијата со нејзиниот сопруг, принцот Вилијам.

Таа повторно фасцинира со својот стајлинг, бела креација со која ги искомбинира прекрасните обетки на принцезата Дијана, со соодветна лента за глава со потписот на Џејн Тејлор во бела боја и црни додатоци.

За да ја зачини оваа комбинација, Кејт имаше црвен цвет на реверот, како и пар црни салонки и чанта во иста боја.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.