Јелена Розга во парчето од 150 денари изгледа како плејбој-зајачица (ФОТО)

Го „запали“ Интернет

Изгледа дека успеала да го најде вистинскиот баланс помеѓу овие два модни трендови, како што ѝ доликува на вистинска дама со стил.

Јелена Розга (44) е една од најдобро облечените дами на нашите простори, а нејзиниот елегантен, женствен стил е секогаш привлекува погледи.

Пејачката ужива да ги следи трендовите, но од друга страна им е верна на класиката и на едноставните парчиња. Ни се чини дека таа успеа да го најде вистинскиот баланс меѓу овие два модни тренда, како што ѝ доликува на вистинска дама со стил.

Популарната хрватска пејачка неодамна се пофали со фотографија од еден настап, на која позира во заводлива, сензуална поза, истакнувајќи ги извајаните нозе.

За потребите на настапот, Розга се одлучила за ефективен, краток црн фустан, кој ѝ ја следи линијата на телото, а го краси предимензионирана панделка во пределот на градите. Со неа искомбинира лакирани, црни салонки со ремчиња и вртоглаво висока потпетица, но и еден детаљ кој ги „краде“ погледите повеќе од се’.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Rozga (@rozgajelenaofficial)

Имено, русокосата пејачка со нежна убавина избра впечатливи хулахопки со туфнички, кои се најлесен начин да ја „разбиете“ секоја едноставна комбинација, давајќи ѝ посебен печат.

Токму таков е и примерот со Јелена, а голема предност е што ова парче облека е и релативно евтино – веќе од 150 денари можете да си набавите шик-хулахопки.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.