Јелена Ѓоковиќ се појавила во истите обувки како Кејт и Меланија: Дизајнер открива зошто дамите полудеа по овој модел

Елегантно!

Јелена Ѓоковиќ со изборот на чевли му дала посебна доза на грациозност на својот класичен стил

Јелена Ѓоковиќ, позната по едноставниот стил, за гостување во една емисија одбрала комбинација што ги воодушеви дамите. Може да се искористи како за деловен состанок така и за некоја посвечена пригода, со малку поефектни модни додатоци. Највпечатливиот дел од овој стајлинг, секако, се чевлите кои ги обожаваат и модните икони како Меланија Трамп и Кејт Мидлтон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Djokovic (@jelenadjokovicndf)

Сопругата на најдобриот тенисер се појавила во бели широки панталони со подлабок струк и црна класична блуза со многу дискретен накит. Но салонките со вртоглаво високи потпетици му дале потполно поинаква нота на целосниот изглед.

Имено, црните салонки дефинитивно се парче кое е безвременско, а со задоволство ги носат многу познати дами. Многу лесно се усогласуваат со преостанатата гардероба и му даваат на стајлингот доза елеганција. Освен тоа, припадничките на женскиот пол изгледаат многу грациозно во нив.

Токму од таа причина во вакви потпетици неретко се појавува и Кејт Мидлтон. Пред неколку месеци, британскиот дизајнер на обувки Руперт Сандерсон истакнал дека тајната на доброто држење на војвотката е токму во единствените салонки.

„Совршените женски обувки имаат потпетици точно 10 сантиметри високи, ни милиметар помалку или повеќе. Токму овие потпетици ја претвораат секоја жена во божица, и тоа истата секунда кога ќе ги обујат. Се случува нешто магично! Нејзината силуета веднаш се менува, главата ѝ се подигнува, добива блага кривина на грбот, рамениците благо ѝ се шират, а мускулите на листовите се собираат. Од тој момент, таа буквално оди како да е родена повисока одошто навистина е“, заклучил дизајнерот.

Од друга страна, и една од најдобро облечените дами, Меланија Трамп, речиси секогаш се одлучува за салонки и кокетира со различни материјали и бои. Неодамна, убавата Словенка се појавила во совршено искомбиниран деловен стајлинг, што го одбрала за да се појави на гласањето во Палм Бич, каде што живее со семејството.

Најомразените чизми добија уште побизарен детаљ: Често можеме да ги видиме и на нашите улици, а мажите не можат да ги поднесат
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.