Имате широки колкови, а тесен горен дел? Ова се вистинските модни совети за вас

Со оглед на тоа дека кај овој тип тело, рамениците и горниот дел од телото е потесен, градите се помали, а колковите и бедрата се широки, ставете го акцентот токму на горниот дел, со цел да добиете складна пропорција.

Македонските жени имаат најчесто ваков облик на тело, а во продолжение ќе прочитате практични совети како да го истакнете најдоброто со облеката.

Со оглед на тоа дека кај овој тип тело, рамениците и горниот дел од телото е потесен, градите се помали, а колковите и бедрата се широки, ставете го акцентот токму на горниот дел, со цел да добиете складна пропорција.

 

Што да избегнувате

-Парчиња со рамен крој кои го сокриваат струкот

-Не носете претерано тесни фармерки или панталони

-Избегнувајте принтови и материјали со текстура при изборот на панталони

-V израз при изборот на блузи

-Тесни кратки ракави кои ќе ве сечат

-Ѕвонести ракави со 3/4 должина

-Избегнувајте јакни со должина до колковите

-Фармерки со низок струк

-Фустани со прав крој

 

Што да практикувате:

-Инвестирајте во добар градник, со пуш-ап (но не претерувајте)

-Во горниот дел носете посветли бои

-Носете принтови што привлекуваат внимание, ткаенини со текстура и детали

-Носете облека која го нагласува струкот – кратки јакни, струкирани парчињам, сакоа и капути со дворедно закопчување…

-Слоевито облекување во горниот дел исто така создава визуелна складност

-Носете потемни бои во долниот дел

-Фармерки со висок струк, ѕвонести ногавици или широки, прави….

-Кошули со панделки или други украси во горниот дел

-Карнери во горниот дел – може да биде и некоја креација со голи раменици

-Фустани во А-форма

 

А сето ова во продолжение можете да го видите низ фотографиите:

 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.